„70 години македонски филмски плакат 1952 – 2022“ во Кинотека на Македонија

Кинотека

Кинотеката на Македонија ја најавува промоција на публикацијата „70 години македонски филмски плакат 1952 – 2022“, која ќе се одржи на 27 февруари 2026 година, со почеток во 19:00 часот во просториите на Кинотеката.

Овој ексклузивен настан претставува значаен културен момент во одбележувањето на седум децении од развојот и историјата на филмскиот плакат во Македонија. Монографијата опфаќа богата збирка од највпечатливите и најистакнатите плакати креирани во периодот од 1952 до 2022 година, како визуелна хроника на македонската филмска уметност, дизајн и естетика.

Промотори на изданието: д-р Александар Прокопиев и Јане Алтипармаков, со присуство на авторите на изданието.

Публикацијата „70 години македонски филмски плакат 1952 – 2022“ е обемно издание кое има за цел да ја претстави и архивира визуелната историја на македонскиот филм низ плакатот како медиум на комуникација и уметнички израз.

Настанот ќе биде збогатен со пригодна изложба  на избор од македонските филмски  плакати.

 Локација: Кинотека на Македонија, Скопје

 Датум: 27 февруари 2026

 Време: 19:00 часот

Зачлени се на нашиот е-билтен