Атлетска трка „Трчаме за Рацин“ вечер во Велес

Во организација на АК „Борец“ со поддршка на Општина Велес, вечер во Велес, по 4. пат ќе се одржи ноќна атлетска трка „Трчаме за Рацин“. Стартот е во 19 часот пред споменикот на Рацин кај Гимназијата „Кочо Рацин“,  а ќе се трча на 5 и 10 километри кружно по велешките глави улици и целтта е каде што е и стартот. Од Општина Велес информираат дека се е подготвено за трката на која ќе и претходи Детската трка во 17:30 часот.

Организаторите и годинава обезбедија вредни парични награди и медали за најдобрите во сите категории.

На Атлетската трка ќе учествуваат спористи од атлетските клубови во земјава и рекреативци, а пласманот на атлетичарите  се бодува во македонската атлетска тркачка лига.

Организаторот ги повикува граѓаните и сите љубители на спортот да дојдат вечерва спортски  да ги бодрат учесниците, а воедно и потоа  да се забавуваат со богатата музичка  програма што ќе следи по завршување на трките.

Инаку атлетската трка „Трчаме за Рацин“ е во чест на големиот поет и револуционер Коста Солев Рацин, а и дел од богатата програма на 62.Рацинови средби во Велес.

Зачлени се на нашиот е-билтен