Битолскиот театар ја одушеви публиката во Полска

Битолскиот театар

Битолскиот театар ја одушеви публиката во Полска. Изведбата на претставата „На отворено море“ во изведба на НУ Народен Театар Битола, во режија на Благој Мицевски, наиде на одличен прием на фестивалот Direction East во Бјалисток, Полска.

„ Беше брилијантно, апсурдно и актуелно во исто време“, истакнуваат организаторите на фестивалот.

Претставата е направена по делото на Славомир Мрожек и во неа настапуваат Марјан Георгиевски, Никола Пројчевски, Живко Борисовски, Васко Мавровски и Петар Спировски.  

Драматург на претставата која говори за тоа каде е човештвото денес, е Оливера Павловиќ. Костимографијата е на Благој Мицевски, сценографијата на Валентин Светозарев, музиката на Александар Димовски.

После изведбата следуваше разговор со екипата на претставата со дел од фестивалската публика.

Фотографиите од настапот на битолскиот театар во Полска се на Бартек Верзеча

Зачлени се на нашиот е-билтен