Бојан го промовира својот музички проект Блок 25

Бојан Б

Бојан, македонски кантавтор и сешн музичар, овие денови ја започна промоцијата на неговиот музички проект „Блок 25“.

Сега засега неговите песни се објавени на СаундКлауд. Неговиот музички ракопис е акустичен рок, а инспирацијата ја црпи од звукот на 90тите и раните 2000ти, со текстови кои опфаќаат интроспективни, апстрактни теми.

Песните се направени и снимени ова лето, а се издадоа пред околу еден месец. Бојан е автор и на музиката и на текстовите

Две од песните се само со вокал и гитара, додека најновата, синглот Waking Up е со целосен  бенд односно има и други инструменти.

Карактеристика за неговитер први објавени песни бавнио ритам и длабок вокал, особено првите две.

Последната песна е снимена и аранжирана во Sound Pill студио. Моментално работам и на проект со артистка од САД.

Бојан работи и филмска музика. Неговото деби на овој план беше краткометражен филм кој ја имаше премиерата во Битола во Кино Манаки.

Бојан е вклучен и во неколку проекти како session музичар во текот на речиси целата година.

Зачлени се на нашиот е-билтен