Брутализмот што сакаа да го „облечат“ во Скопје 2014 и успехот на македонските архитекти во Венеција, не е заслуга на Љутков

Брутализмот што се трудеа да го „облечат“ во Скопје 2014 и успехот на македонските архитекти во Венеција, се претставува како успех на Министерството за култура и туризам.

Само така може да се опише и како спинување успехот на македонските претставници на Венецијанското биенале на архитектурата на ко е Македонскиот павилјон е вброен меѓу 10-те највпечатливи павилјони од вкупно 66 земји учеснички, според реномираниот портал Artribune.

Провладините медиуми пишуваат дека „успехот на македонската култура, е потврден и од Венециското биенале и ја става Македонија и нашата култура и историја на светската културна мапа, е уште еден успех на заложбите на Владата“.

Тоа воопшто не е точно. Концептот на уредување и презентација на македонската архитектура на биеналето во Венеција е резултат на работата и развојот на идејата на проектот Strada Brutalissima, под кураторство на доц. д-р Благоја Бајковски од Архитектонскиот факултет при УКИМ и на комесарите на проектот – Фросина Зафировска и Маја Неделкоска Брзанова, како и тимовите на Националната галерија и на Архитектонскиот факултет од Скопје

Strada Brutalissima, според авторите, отвора важен дијалог за архитектонското наследство, солидарноста и визијата за хумано општество.

„Овој павилјон не е само приказна за бетон и форми – тој е патување низ времето, меморијата и колективната надеж“, велат тие.

Зоран Љутков, како министер за култура и туризам е само гостин во македонскиот павиљон, а не претставник македонската архитектура .

Зачлени се на нашиот е-билтен