Од 1962 година, Светскиот ден на театарот се слави од центрите на ITI, членовите-соработници на ITI, театарските професионалци, театарските организации, театарските универзитети и љубителите на театарот низ целиот свет на 27 март.
Овој ден е прослава за оние кои можат да ја видат вредноста и важноста на уметничката форма „театар“ и делува како повик за будење за владите, политичарите и институциите кои сè уште не ја препознале неговата вредност за луѓето и за поединецот и сè уште не го реализирале неговиот потенцијал за економски раст.
Оваа година автор на интернационалната порака по повод Светскиот ден на театарор е познатиот Вилем Дафо, препознатлив како филмски актер, но како што самиот тој вели „Но моите почетоци се длабоко вкоренети во театарот. Бев член на The Wooster Group од 1977 до 2003 година, создавајќи и изведувајќи оригинални претстави во The Performing Garage во New York City, како и со настапи на турнеи ширум светот“.
Еве дел од пораката на Дафо по повод Светскиот ден на театарот:
Како актер и театарски практичар, верувам во силата на театарот. Во свет што се чини сè повеќе антагонистичен, контролирачки и насилен, нашиот предизвик како творци на театар е да избегнеме корупција на театарот, и да го спречиме убедувањето дека театарот е комерцијален бизнис посветен на забава и разонода; или дека театарот е само сув институционален чувар на традиции; туку да ја поттикнеме неговата моќ да поврзува луѓе, заедници, култури и пред сè, да поставува прашања за тоа каде се движиме…
Големиот театар го предизвикува нашето размислување и не поттикнува да замислиме кон што се стремиме.
Ние сме социјални суштества, биолошки создадени за ангажмани со светот. Секој сетилен орган е порта за средба и преку тие средби постигнуваме подлабока дефиниција за тоа кои сме. Преку раскажување приказни, со естетика, јазик, движење, сценографија, театарот како целосна уметничка форма може да ни покаже што некогаш бил, што е и каков би можел да биде нашиот свет.
Вилем Дафо денес е уметнички директор на Театарскиот оддел на Биеналето во Венеција, беше меѓу основачите на Групата Вустер. Со седиште во Перформинг Гаражата во Њујорк (1977-2004), тие развија препознатлив пристап кон авангардниот театар. Потоа тој продолжи да соработува со Боб Вилсон, Марина Абрамовиќ, Ричард Форман и Ромео Кастелучи. На почетокот на 1980-тите, тој исто така започна да работи во кино и оттогаш доби меѓународно признание за неговата разновидност во независните и мејнстрим филмовите. Тој доби четири номинации за Оскар и беше награден со Купа Волпи за најдобар актер на Филмскиот фестивал во Венеција во 2018 година. Неговата посветеност на театарот продолжува да ја обликува неговата уметничка визија и изведувачка практика.