„Денови на хрватскиот филм“ е манифестацијата на Кинотека на Македонија на која ќе се презентираат најзначајните и најуспешните дела на хрватската филмска продукција.
Манифестацијата се одржува во соработка со Кинотеката на Република Северна Македонија, Хрватскиот аудиовизуелен центар и Министерството за надворешни и европски работи на Република Хрватска. Ќе започне во понеделник, 15 септември и ќе трае до сабота, 20 септември 2025 година, со проекции што почнуваат во 20 часот во Кинотеката на Република Северна Македонија.
Церемонијата на отворањето ќе започне со филмот „Ustav Republike Hrvatske“ (2016) во режија на Рајко Грлиќ.
Во текот на неделата ќе бидат прикажани долгометражни филмови, кратки играни филмови, документарни филмови и класици на хрватското кино, а програмата ќе заврши со најновата крими драма „Svemu dođe kraj“ (2024).
Сите филмови ќе се прикажуваат на оригинален јазик со титлови на македонски и на англиски јазик.