Долгометеражниот првенец на Георги Унковски „ДиЏеј“, кој на фестивалот на незвисен филм беше овенчан со две награди – на публиката и на стручното жири со наградата за креативна визија, веќе е продаден во 15-тина земји, открива во интервју за Рацин.мк режисерот на филмот.
„Сега филмот ќе си има свој живот, нас ни останува да го пратиме и да навиваме за него. Имаме прекрасни вести после пазарот во Берлин (на филмското Берлинарел). Филмот ќе биде дистрибуиран сега за сега повеќе од 15-тина земји. Само еден месец по својата премиера. Очекувам да има долг живот и да го гледаме по кина и фестивали во светот“, вели Георги Унковски.
После Берлин „ДиЏеј Ахмет“ ќе оди и на други фестивали и филмски „берзи“, а на пролет се очекува европската премиера за кога е се најавува и неговата македонска премиера и живот во кината ширум државата, истакнува во интервјуто за Рацин.мк, Георги Унковски.
Премиерниот стрим на интервјуто на Унковски ќе започне утре во недела, на 2 март во 11 часот на каналот на Рацаин.мк на ЈуТјуб.