Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Фестивалот на прозата во Куманово оваа година угости бројни гости од земјата, регионот и Европа

На 25 и 26 мај годинава се оддржа второто издание на Фестивалот на прозата во Центар за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово. Фестивалот за прв пат се оддржа минатата година и беше одлично прифатен од посетителите и јавноста. Ова е Фестивал на кој се промовираат домашни и странски писатели автори на прозна литература.

Годинава Фестивалот ќе започна со дебата меѓу публиката и академик и писател Владо Урошевиќ и авторката од Србија Даница Вукичевиќ добитнична на Ниновата награда. Модератот на првата вечер беше Александар Маџовски.

Програма на Фестивалот на прозата вториот ден започна со промоција на книга за деца од Јулијана Величковска, а на настанот присуствуваше и министерката за култура Бисера Костадинова – Стојчевска.

Истиот ден се одржа и тркалезната маса за преводот на која зборуваа Петар Андоновски и Катица Гаровска од Македонија, Саша Пуљаревиќ од Словенија и Елена Алексиева од Бугарија, а модератор беше Владимир Јанковски.

Вечерниот дел од програмата го исполнија Арлинд Фаризи, Живко Гроздановски, Калина Малеска, Стефан Алијевиќ од Македонија и Елена Алексиева од Бугарија, кои со модерирање на Ана Јовковска говореа за своето творештво.

Зачлени се на нашиот е-билтен

Најново