Третиот фестивалски ден на „Дрим Шорт“ вечерва носи богата филмска и културна програма на повеќе локации во Струга, со посебен акцент на средбата со реномираниот кинематограф Флоријан Хофмајстер.
Покрај филмските проекции во Паркот на поезијата, вечерта ќе продолжи во Јуроп Хаус Струга со последните филмови од Студентската програма. Од 16 часот во кафе-бар „Дуќан“ е отворено Катчето за виртуелна реалност, а во 18 часот публиката ќе има можност за разговор одблиску со Хофмајстер, чиј авторски печат е препознатлив во светската кинематографија.
Дневна програма – 9 август (сабота)
Локација: „Дуќан“
- 13:00 – 16:00 Вмрежување
- 16:00 – 18:00 ВР Катче
Локација: Europe House Struga
- 18:00 Разговор со Флоријан Хофмајстер
- 20:00 Студентска програма:
- „Очи“ – Леона Јарикј (5′)
- „Грчки кајсии“ – Јан Креватин (20′)
- „Невидлива сестра“ – Нели Рајала (17′)
Локација: Парк на поезијата, Струга
- 20:30 Меѓународна програма: „Аларми“ – Николас Панеи (17′)
- Регионална програма: „Мораме да зборуваме за Дилан“ – Умут Шилан Огурлу
- Специјална програма „Соочување со минатото“:
- „Хроничност“ – Алета Рајфиќ (3′)
- „Ибука, Правда“ – Џастис Рутикара (23′)
- Национална програма:
- „Остров“ – Бранко Костески (15′)
- „Неми филмови“ – Крсте Господиновски (16′)
Локација: Кингстон
- 22:30 ОФФ Музичка програма: Диџеј сет на Чима
Фестивалот „Дрим Шорт“ ќе трае до 10 август, со проекции и настани на повеќе локации во градот. Распоредот е достапен на официјалните канали на фестивалот, а влезот е бесплатен.
Деветтото издание на фестивалот е поддржано од бројни институции, компании и медиумски партнери, меѓу кои се Агенцијата за филм на Северна Македонија, Холандската амбасада, Општина Струга, Јуроп Хаус Струга и „Струшките вечери на поезијата“.