Ин мемориам: Аврамчев внесе современа димензија во промоцијата на македонскиот јазик

По повод прерано починатиот Филип Аврамчев (1984 – 2025), поранешен директор на Универзална сала, заслужен за извонредните изданија на Skopje Light Air District, како и еден од организаторите на меѓународната конференција за Вештачка интелигенција АI Tech Summit, Марјан Забрчанец напиша дека Скопје и Македонија останаа без голем креативец, кој со своите активности го афирмираше и македонскиот јазик.

„Со овој пост сакам да му се заблагодарам за неговите идеи, напори и решенија да внесе нова, современа димензија во заштитата и развојот на македонскиот јазик и во јакнењето на македонската државност.
Ми беше чест и гордост да соработувам со него при иницирањето и осмислувањето на визуелните интервенции за одбележувањето 30 години независност (2021 година) и 5 Мај, Денот на македонскиот јазик (2023 година), во рамки на активностите на Владата и на Министерството за култура.“

“Ќе бидат вечни неговите дела“, напиша на социјалните мрежи Марјан Забрчанец во знак на сеќавање и почит за Филип Аврамчев.

Зачлени се на нашиот е-билтен