Како и изминативе години, така и оваа, Националната галерија креираше креативни проекти по повод Меѓународниот ден на лицата со посебни потреби, на кој младите од повеќе скопски училишта, ученици со или без хендикеп работеа заедно, односно создаваа уметност. Во проектот „Инсекти“ беа вклучени учениците од гимназијата Никола Карев, Јосип Броз Тито- пaралелка на меѓународна матура и учениците од училиштето за деца со оштетен слух и говор ДУЦОР Партеније Зографски, единствено од овој тип во нашата држава.
Оваа година како предизвик беше графиката како ликовно подрaчје, техника сува игла. Оваа доста атрактивна графичка техника децата имаа ретка и несекојдневна можност да научат нешто ново и тоа од тимот професори и асистенти од Факултет за ликовни уметности – Скопје – УКИМ. Со нивна асистенција тие прво учеа како со игла се реже цртежот, а потоа графиките да бидат испринтани во амбиентот на самиот факултет. Нивното графичко изразување беше со тема инсекти, што ја показува нивната грижа и интерес кои инсектите и природата воопшто.
Последните истражување се многу загрижувачки бидејќи покажуваат многу видови кои се во опаѓање, а како причини има многу, но климатските промени се јавуваат како главен фактор. Оттаму темата која учениците ја работеа беа и оние видови пеперутки или бубачки кои се токму во категорија на исчезнување, а со тоа и подигање на јавната свест за истите и избегнување на поголеми катастрофи. Можеби сите не ги сакаат инсектите, но вистината е доколку тие исчезнат тоа ќе предизвика еколошки хаос и исчезнување на храната за сите живи битија на нашата планета.
Изложбата која е завршен резултат на овој проект, ќе се одржи во Мала станица, 24 декември 2024 (вторник), 12:30 ч. На отворањето на изложбата музички настап ќе имаат учениците од гимназијата „Никола Карев“.