Изложба со дела на Личеноски, Белогаски, Мартиноски, Мазев, Наумовски, Пандилов, Манев, Шијак, Аврамовски…

Петар Мазев Композиција, масло на платно, 1970, 198х270, Од колекцината на Собранието на РСМ
Петар Мазев Композиција, масло на платно, 1970, 198х270, Од колекцината на Собранието на РСМ

Во Собранието на Република Северна Македонија денеска ќе биде оптворена изложбата „Од ризницата на македонското Собрание“.

Ова е ретка можност граѓаните и јавноста да ги видат делата на дел од најголемите сликарски мајстори од повеќе генерации како што се Лазар Личеноски, Љубомир Белогаски, Никола Мартиноски, Петар Мазев, Вангел Наумовски, Бранко Костовски, Димитар Пандилов, Коле Нанев, Томо Шијак, Димитар Аврамовски, Ејуп Омер и многу други

Како што соопштија од собраниската прес-служба, изложбата ќе ја отвори претседателот на Собранието Африм Гачи, а ќе биде поставена во Кристалната сала.  

-Целта на изложбата е културна афирмација, промовирање, вреднување и зачувување на уметничките дела од еминентни македонски сликари, во насока на поголема грижа, заштита и зачувување на културното, етнолошкото и историското богатство во објектот на Собранието, стои во најавата за изложбата. 

Зачлени се на нашиот е-билтен