„Кој женски лик ве промени?“ – отворен книжевен настан во Сакам Книги по повод 8 Март

книги

По повод Меѓународниот ден на жената, издавачката куќа Сакам Книги организира отворен женски книжевен настан што ги повикува читателите да зборуваат за женските ликови од книгите и жените кои стојат зад книгите, коишто  им оставиле трага.

Настанот ќе се одржи во сабота, на 7 март, со почеток во 12:00 часот, на платото пред книжарницата Сакам книги во Лептокарија.

Под мотото „Секоја жена има своја приказна“, разговорот ќе отвори прашања за женските карактери што инспирираат, за авторките што создаваат светови и за уредничките и преведувачките што ги носат тие светови до читателите.

Разговорот ќе го води Александра Тодоровиќ, заедно со авторката Ксенија Николова, во формат на интерактивна дискусија во која и публиката ќе има можност активно да се вклучи и да ги сподели своите книжевни инспирации.

Настанот е замислен како опуштена, но суштинска книжевна дружба – простор за отворен дијалог, размена на искуства и славење на женскиот глас во литературата.

За сите присутни ќе биде обезбеден дополнителен попуст на книгите, кој ќе важи исклучиво за време на настанот.

Зачлени се на нашиот е-билтен