Коста Петров ја промовираше својата најнова книга – „Гласот во твојата глава“.

„Гласот во твојата глава“ е интимна и искрена приказна за најтешката битка што сите ја водиме – битката со самите себе., рече Петров на промоција на својата книга. Таа зборува за внатрешниот глас што нè тера да се сомневаме во себе, што нè потсетува на минатите грешки и што често ни ја одзема храброста да чекориме напред. Но, наместо да го игнорира, Петров го прифаќа тој глас, го анализира, му дава лик и му дозволува да проговори – за првпат, гласот добива своја автобиографија.

Преку лично сведоштво, болни искрености и моменти на спокој, авторот ги води читателите низ процесот на самоприфаќање, простување и ослободување од стравот. Книгата нè потсетува дека гласот во нашата глава никогаш не исчезнува – но можеме да научиме како да му го намалиме тонот и да ја вратиме тишината во себе.

Книгата „Гласот во твојата глава“ е во издание на Издавачкиот центар ТРИ и е достапна во сите нивни книжарници, онлајн на kniga.mk, како и во сите поголеми книжарници низ Македонија.

Зачлени се на нашиот е-билтен