Краткиот филм „За Ева“ денеска има премиера во кино „Фросина“ во МКЦ

Денес во киното „Фросина“ (МКЦ) ќе се одржи премиерата на краткиот филм „За Ева“.

Режисер на филмот е Бојан Василев, по сценарио на Бојан Василев и Андреј Насков. Улогите ги толкуваат Миа Жиро, Изабела Новотни, Талиа Харалампиев, како и Игор Стојчевски и Стефан Ристевски. Филмот го снимаше Сашко Василев, шминка Александар Билјановски-Дадар. Остатокот од екипата го сочинуваа Калин Крајчевски, Петар Пројкоски, Стефанија Василева и Матеа Мисајловска.

Снимањето се одвиваше на локации во Скопје и околината. Продуценти на „За Ева“ се Андреј Насков и Бојан Василев  преку „Василеви продукција“.

Филмот во тек на развојот и продукцијата е поддржан од EDU CUTS мрежата преку проектот „Култура и креативност за Западен Балкан“ финансиран од Европската Унија и поддржан од British Council, за цел да го поттикне дијалогот во Западен Балкан преку зајакнување на културните и креативните сектори за зголемено социо-економско влијание. 

Поради голем интерес за филмот ќе се одржи и втора проекција од 21.00 часот за која билетите можат да се купат на билетарата на киното.

Зачлени се на нашиот е-билтен