КРИК 2025 завршува со изложбаи разговор „Парадоксот на Грејсленд: навигирајќи ја неизвесноста“

Летната програма на КРИК 2025, под наслов „Преобразба“, се заокружува на 25. 06. 2025 (среда) со почеток во 20 часот, во Музејот на современа уметност во Скопјe, со изложбата „Парадоксот на Грејсленд: навигирање на неизвесноста“, курирана од грчката кураторка Лидија Хацијакову (Солун), чија работа гравитира околу улогата на уметноста како алатка за општествени промени, релацијата помеѓу уметноста и технологијата, уметноста и екологијата, уметноста и современата улога на занаетите.

Во „Парадоксот на Грејсленд“, уметниците се осврнуваат на испреплетените кризи на климатскиот колапс, раселувањето и технолошко-социјално отуѓување како симптоми на доцниот капитализам. Нивните хибридни фигури и пејзажи се движат помеѓу пропастот и обновата, потсетуваат и на последиците од катастрофата и на можноста за пофер и инклузивна иднина.

Отворањето на изложбата е екслузивна можност за тура и експликација од страна на уметниците, која ќе биде проследена и со разговор во кој ќе учествуваат и кураторката Лидија Хацијакову, како и нашите теоретичари на визуелната уметност и куратори Владимир Јанчевски и Софија Григоријаду.

Зачлени се на нашиот е-билтен