Љуљзиме Лека Муљаку во Чифте амам со циклусот „Метаморфоза II“

Во среда, на 2 април, во 19.00 часот, во галеријата Чифте амам ќе биде отворена самостојна изложба на Љуљзиме Лека Муљаку со наслов „Метаморфоза II“.

Љуљзиме Лека Муљаку припаѓа на современата уметничка сцена и ја претставува генерацијата уметници кои својата дејност ја започнале со визуелен израз од 90-тите години. Таа ќе се претстави во Националната галерија со 50 слики од различни формати, интересен циклус со дела изработени во акрилна техника. Изложбата „Метаморфоза II“ е нов циклус на дела кој претставува реалистичен поглед на егзистенцијалните естетски вредности. Фигуративната композиција на овој циклус ја отсликува егзистенцијалната уметност на женската невиност и достоинство. Ликовното претставување тесно се поврзува со идејата на женскиот феномен во нашето општество и го претставува нејзиното диспропорционално присуство во видлив облик.

Биографија

Љуљзиме Лека-Муљаку е родена во Скопје, на 7.06.1966 година. Високото образование го завршила во 1985 година, на Приштинскиот универзитет. Завршила Ликовна академија, отсек сликарство, во класата на академик проф. Реџеп Фери. Во 2000/2001 се запишува на постдипломски студиина Приштинскиот универзитет, отсек сликарство. Во 2004 година успешно ја одбранила магистерската теза „Жена за жената“, под менторство на проф. Реџеп Фери, стекнувајќи се со научно звање магистер по сликарство. Во студиската 2009/2010 година се запишува на докторски студии, кои ги завршува во 2012/2013 успешно одбранувајќи го својот докторски труд. Од 2004 година предава како редовен професор на Универзитетот во Тетово. Учесник е на повеќе од педесет групни изложби, дома и во странство: Косово, на повеќе изложби, 1984 –1987 година; Албанија, Национална изложба на ликовни уметници, 1993 година; Меѓународна колонија на сликари, октомври 2002 година, Берат; Национална изложба на ликовни уметници, Македонија, 2009 година; Тетово, изложби на Друштвото на творци, 1996 – 2010г. и др. самостојни изложби: Уметничка галерија Тетово, изложба „Кој ја донесе Дорунтина“ прв циклус, 2008 година; изложба „Кој ја донесе Дорунтина“ втор циклус, 2010 година, Уметничка галерија – Тетово; Национална галерија „Мала станица“ – Скопје, 2011 година; Косово, одбележување на 10-годишнината од самостојната изложба, 2012 година; „Метаморфоза на меморијата“ во Галерија на Министерството за култура, Приштина, 2016 година.

Изложбата ќе биде поставена до 13 април 2025, а куратор е Нарона Љума Весели.  

Зачлени се на нашиот е-билтен