Македонски артисти се автори на новиот спот на легендарниот Дарко Рундек

Рундек

Овие денови премиерно беше прикажан новиот спот за новиот сингл  од претстојниот албум „Плес на танком леду“, на Дарко Рундек и ЕКИПА.

Станува збор за шаманска и сонлива песна создадена од авторската соработка на Ана Ковачиќ и Дарко Рундек, која ја носи препознатливата длабочина и креативната љубопитност по која се познати и двајцата.

Видеото што беше објавено со песната е резултат на неочекувана уметничка врска. Изборот на авторскиот тим дојде откако Дарко и Санда Хржиќ учествуваа на уметничка работилница посветена на заштитата на реките во 2023 година во Котли, Истра. Меѓу делата што беа создадени за време на процесот и кои  минатата година беа претставени во Археолошкиот музеј во Загреб , се издвои видео од македонските уметници Хана Корнети, Ѓорѓе Јовановиќ, театарот „Сенки и облаци“ и Ѓорѓи Митревски.

Оттаму, Санда Хржиќ и Дарко Рундек ги поканија на соработка македонските автори да бидат креатори на видеото, а уметниците со задоволство ја прифатија нивната покана.

Македонските артисто што го креираа спотот се Ѓорѓе Јовановиќ, режија, монтажа,  дизајн, анимација: Ѓорѓе Јовановиќ, Хана Корнети, сценарио, екипата на театараот „Сенки и облаци“ учествуваше со глума и сценографија, Ѓорѓи Митревски во продукцискиот дел и со камера, а Санда Хржиќ, го заокружи креативниот дел како уметнички соработник.

Зачлени се на нашиот е-билтен