Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Македонскиот народен театар слави 80 години

По повод осумдесетгодишниот јубилеј на Македонскиот народен театар (МНТ), македонскиот уметник Зоран Кардула го создаде новото лого „80 години Македонски народен театар“. Оваа институција, најстарата национална професионална театарска сцена, ќе го одбележи јубилејот на 31 јануари 2025 година.

„Македонскиот народен театар, како чувар на културните и традиционалните вредности, преку својата репертоарска програма го негува театарскиот јазик и идентитет. Од своето формирање, театарот минува низ различни фази: создавање ансамбл, градење публика, ангажирање творци за обликување на претстави, како и гостувања на домашни и меѓународни сцени. Со поставување дела од класичната и современата драматургија и соработка со светски реномирани режисери, МНТ се позиционира на европската и светската мапа,“ се вели во соопштението.

МНТ исто така се стреми кон проширување на театарската уметност, со фокус на едукација и анимација на публиката, особено младите, поттикнувајќи активно размислување за културата и театарот.

Овој јубилеј претставува круна на осум децении посветена работа, во кои МНТ го гради својот статус како темел на македонската култура и уметност.

Зачлени се на нашиот е-билтен