Универзална сала и Град Скопје ја најавија 21. изведба на културната манифестација „Бела ноќ“, која ќе се одржи во сабота, на 4 октомври 2025 година.
Целиот град ќе се претвори во отворена уметничка сцена со концерти, изложби, литературни читања, мултимедијални изведби и перформанси достапни за сите граѓани и посетители.
Програмата вклучува различни локации:
- Сули Ан (20:00 ч.) – мултимедијални презентации и изложби на тема „Стара скопска чаршија: визии за иднината“, по што следуваат DJ сетови на Дарко Јорданов, Бојан Јанев и диџеј Женева.
- Музеј на македонската борба (20:00 ч.) – изложба „Од чета до армја“.
- Научен музеј (20:00 ч.) – изложба „Преспанско езеро – бисер на природата“.
- Детски културен центар (11:00 ч.) – детска ликовна изложба.
- Библиотека „Браќа Миладиновци“ (19:00 ч.) – промоција на книга „Работилница за поправка на чувства – втора антологија на иднината“.
- Музеј на Град Скопје (19:00 ч.) – изложба на ДЛУМ.
- Младински културен центар (20:00 ч.) – претстава „Велигденски варијации“ и изложба на детски цртежи на Славица Копенкова.
Настани ќе се одржат и во Културниот дом „Кочо Рацин“ и во Културно-информативниот центар.
Организаторите истакнуваат дека „Бела ноќ“ е симбол на културната отвореност на Скопје и можност за поврзување на граѓаните и уметниците преку заедничко креативно искуство. Манифестацијата се организира од Универзална сала со финансиска поддршка од Град Скопје.