На 8 ноември Трибјут Фест во МКЦ Скопје

На 8 ноември, во култниот простор на Младинскиот културен центар (МКЦ) во Скопје, ќе се одржи Трибјут Фест, настан кој ветува да стане традиција на македонската музичка сцена. Фестивалот е посветен на живите изведби и автентичната енергија на најголемите светски рок и поп бендови, пренесена преку внимателно одбрани трибјут групи.

Публиката ќе има можност да ужива во легендарните хитови што ги обележаа различни генерации, во изведба на домашни и регионални музичари кои со посветеност и страст ги оживуваат своите омилени херои од светската сцена. Ова издание на фестивалот ќе донесе различни бендови кои ќе изведат музика од легендарни бендови, но и други изненадувања кои ќе ја направат вечерта незаборавна.

Организаторите најавуваат дека целта на фестивалот е да им овозможи на љубителите на добра музика „патување низ времето“ – враќање на незаборавните години на класичниот рок и новиот бран, но и можност младите генерации да ја почувствуваат атмосферата што ја создавале оригиналните бендови.

Со почеток во 20:00 часот на 08 ноември, сабота, МКЦ ќе пулсира со моќни гитарски рифови, емоционални вокали и сценска енергија која ќе ја спои публиката во едно големо музичко семејство. Билетите се достапни на drugastrana.mk

Зачлени се на нашиот е-билтен