Од 11 до 13 јули, живописната Преспа повторно ќе биде домаќин на културниот фестивал „Meet Prespa 2025“, осмо издание кое ветува три дена исполнети со уметност, вкусна храна и незаборавна атмосфера.
📍 Брајчино • Ресен • Дупени
✨ Петок, 11 јули – Поетска магија под ѕвездите (Брајчино)
🕗 20:00 – 21:30
🎭 „Волкот на љубовта: Поетски катисма“ – поетска изведба на Тихомир Јанчовски и Бранислав Николов (Фолтин)
🕤 21:30 – 01:00
🎧 DJ Виолета Качакова
🎶 „Во име на Мирко Попов“ – вечер на македонски олдис хитови под отворено небо
🎟️ Влезот е слободен
✨ Сабота, 12 јули – Урбана и балканска
🕖 19:00 – 22:00
🍴 Street Food Festival – улицата стара чаршија во Ресен ќе мириса на локални специјалитети
🕗 20:00 – 21:00
📖 Промоција на книгата „Монах Калист“ од Миливој М. Јовановиќ, во Културен центар „Драги Тозија“
🕙 22:00 – 04:00
🌍 Музичка трилатерала на плажата Дупени – диџеи од Македонија, Албанија и Грција, една ноќ, три култури, еден ритам
✨ Недела, 13 јули – Завршница со душа
🕚 11:00 – 01:00
🌳 Брајчински пикник – ден за одмор и поврзување покрај реката, со гитара во позадина и вкусна храна на тревата
🎉 „Meet Prespa 2025“ е повеќе од фестивал – тоа е доживување!
Доаѓајте да ја почувствувате Преспа во нејзините најубави бои и звуци!