Најдоброто од „Киненова“ од 21-24 јануари во Кинотека

„Киненова“

Од 21 до 24 јануари во Кинотека на Македонија ќе бидат прикажани избрани содржини од фестивалот „Киненова“, кои носат свежи авторски перспективи и современи филмски практики. Станува збор за филмови кои биле наградени на Киненова како: „Помеѓу боговите“ на Вук Ршумовиќ, „Чувари на формулата“ на Драган Бјелогрлиќ, „ПАНОПТИКОН“ на Ѓорѓи Сикарулиѕе и многу други наслови.

Под мотото „Најдоброто од Киненова“ љубителите на филмската уметност ќе можат да погледнат филмови што со ангажиран и аналитичен пристап  отвораат културни и општествени прашања. Во ова зимско издание на „Киненова“ ќе може да се погледнат и филмовите „Таква каква што сум“ на Даг Јохан Хаугеруд, кој годинава беше гостин на Фестивалот и „Татко“ на Срдан Голубовиќ, кој бече член на жирито на годинешното јубилејно издание на МФФ Киненова.

21 јануари (среда)

18:00 часот – VANISHED by Arben Tachi / North Macedonia/Kosovo/Albania/ Fiction / 2021 / 100′
                              ИСЧЕЗНАТИОТ на Арбен Тачи / Македонија, Косово, Албанија / 2021 / 100 мин.

20:00 часот – ПОМЕЃУ БОГОВИТЕ на Вук Ршумовиќ / 100 мин.
                            DWELLING AMONG THE GODS by Vuk Rsumovic / 100min.

ПОМЕЃУ БОГОВИТЕ на Вук Ршумовиќ / Србија / 102 мин.

Синопсис
Млада Авганистанка доаѓа во Белград во пикот на мигрантскиот бран. Нејзината борба започнува кога дознава дека нејзиниот помлад брат се удавил во реката таму, и е решена да го погреба под неговото целосно име.

Фестивали и награди
Сараево Филм Фестивал, Котбус фестивал

22 јануари (четврток)

18:00 часот – ТАКВА КАКВА ШТО СУМ на Даг Јохан Хаугеруд, Норвешка / 2025 / 98мин.
                            I BELONG by Dag Johan Haugerud / Norway / 2025 / 98min.

ТАКВА КАКВА ШТО СУМ на Даг Јохан Хагеруд
НОРВЕШКА / 2012 / ДСП / 118 мин. / Јазик: Норвешки, Турски, Англиски

Синопсис

Дебитантскиот филм на Даг Јохан Хаугеруд е топла и разиграна трагикомедија за луѓе кои сите до еден имаат добри намери, но на крајот се повредуваат еден со друг. Медицинска сестра е под лупа на своето работно место затоа што преминува на англиски јазик кога станува нервозна. Преведувач го компромитира својот интегритет кога е убедена да преведе книга во која не верува. Постара жена и нејзината ќерка се понижени кога им се нуди огромна сума пари како подарок од роднина. Жените од трите приказни се лесно поврзани, свесни дека сè оди точно како што треба, но се чувствува дека нешто не е нормално. ТАКВА КАКВА ШТО СУМ истражува што се случува кога луѓето престануваат да се однесуваат како што треба и прикажува секојдневни ситуации кои изгледаат како да се од мала важност за една личност, но можат да бидат од катастрофални размери за други.

20:00 часот – БЕШЕ НЕКОГАШ ВО ГАЗА на Араб Насер и Тарзан насер / Палестина, ОАЕ,  Франција, Португалија / 97 мин.
                            ONCE UPON A TIME IN GAZA by Arab NASSER, Tarzan NASSER / Palestine, UAE, France, Portugal / 97min.

СИ БЕШЕ ЕДНАШ ВО ГАЗА на Араб Насер и Тарзан Насер / Франција, Палестина, Германија, Португалија / 2025 / 90мин.

Синопсис
Газа, 2007 година. Јахја, млад студент, се спријателува со Осама, харизматичен сопственик на ресторан со големо срце. Заедно, тие почнуваат да продаваат дрога додека доставуваат сендвичи со фалафел, но наскоро се принудени да се справат со корумпиран полицаец и неговото преголемо его…

Фестивали и награди
За првпат во историјата еден Палестински филм ја добива една од најпрестижните награди во светот “ЗЛАТНА ПАЛМА“ на Кан, за програмата Извесен поглед.

22:00 час. – ЧУВАРИ НА ФОРМУЛАТА на Драган Бјелогрлиќ / Србија, Македонија
                         GUARDIANS OF THE FORMULA  by Dragan Bjelogrlic, Serbia, Macedonia

ЧУВАРИ НА ФОРМУЛАТА на Драган Бјелогрлиќ / 2h / СРБИЈА, ЦРНА ГОРА, СЛОВЕНИЈА, МАКЕДОНИЈА / 2023

Синопсис

Во октомври 1958 година, во екот на кризата од Студената војна, група на комунистички научници од Институтот Винча Во Србија, спроведуваат таен проект предводен од професорот Драгослав Поповиќ. Поради непредвидени околности, тие се изложуваат на смртоносна доза на радиоактивно зрачење од ураниум, поради што југословенската тајна полиција ги носи на лекување во клиниката Кири во Париз.

Францускиот медицински тим предводен од професорот Жорж Мате заклучува дека нивната состојба е критична и дека нивните денови се избројани. Иако професорот Мате целиот свој живот го има посветено на борбата против нуклеарното оружје и длабоко го презира проектот на кој работеле југословенските научници, тој предлага за прв пат во историјата да се спроведе деликатна и неизвесна интервенција за замена на коскената срцевина на озрачените пациенти.

Дали е тоа експеримент врз живи луѓе или навистина сака да им помогне – станува мачно прашање за југословенските научници.

Засновано на вистинска приказна.

Фестивали и награди

8.МФФ КИНЕНОВА – ГРАН ПРИ за најдобар филм  на фестивалот; 77. Локарно ИФФ – Добитник на наградите: Пардо Верде Рикола-Зелен Леопард и Варајети награда Piazza Grande; Награда од публика за најдобар филм на Сарајево Филм Фестивал 2023.

23 јануари (петок)

18:00 часот – 18:00 – ТАТКО на Срдан Голубовиќ / Србија / 2ч.
                                        FATHER by Srdan Golubovic / Serbia / 2h.

ТАТКО / Србија / 2020 / 2ч.

Режија: Срдан Голубовиќ

Сценарио: С. Голубовиќ, С. Кољевиќ, О. Свиличиќ

Улоги: Горан Богдан, Борис Исаковиќ, Нада Шаргин, Милоца Јаневски

Синопсис

Потресна сторија за еден работник којшто е приморан да се одрече од своите деца по одлука на социјалната служба.Наскоро тој тргнува на едно мачно патешествие низ Србија за повторно да го стекне правото на старателство за своите две деца. Ова е филм за еден татко кој ќе направи се за да си ги врати децата покрај себе, во време кога неговата сопруга е хоспитализирана.

20:30 часот –  ИЗГУБЕНИОТ СОН НА ТИМОТ ОД СОНИШТАТА на Јуре Павловиќ / 85мин.
                             THE LOST DREAM TEAM by Jure Pavlovic /  85min.

ИЗГУБЕНИОТ СОН НА ЈУГОСЛОВЕНСКИОТ ДРИМ ТИМ на Јуре Павловиќ / Хрватска, Србија, Словенија, Италија / 2025 / 85мин.
Играат: Владе Дивац, Јуре Здовц, Жарко Паспаљ, Дино Раџа, Зоран Јовановиќ, Тони Кукоч и други

Синопсис
Приказна за југословенската кошаркарска репрезентација која го освои златниот медал на Европското првенство во 1991 година. Легендарните кошаркари стоеја на подиумот и гледаа како се крева знамето на нивната тогашна земја Југославија – направија сè за слава на земјата која вушност престана да постои три дена претходно.

24 јануари (сабота)

18:00 часот – СРЕЌЕН на Сандеп Кумар / Австрија / 2025 / 110мин.
                            HAPPY by Sandeep Kumar / Austria / 2025 / 110min.

СРЕЌЕН на Сандеп Кумар / Австрија / 2025 / 110мин.

Синопсис
Дејството се случува во Австрија и раскажува приказна за непријавен индиски мигрант, кој се бори со последиците од известувањето за депортација, за да пронајде среќа во животот за себе и за својата ќерка. Филмот повлекува паралела и ја разоткрива истата желба за среќа кај оние што ги среќава, а кои се чини дека имаат сè.

20:00 часот – ПАНОПТИКОН на Ѓорѓи Сикарулиѕе  / Грузија, Франција, Италија / 2024 / 95мин.
                            PANOPTICON by George Sikharulidze / Georgia, France, Italy  / 2024 / 95min.

ПАНОПТИКОН на Георге Сикарулидзе / Грузија/Франција/Италија/Романија / 95мин.

Улоги: Дата Шакуа, Малказ Абуладзе, Ија Сукиташвили, Вако Кеделадзе 

Синопсис
Откако татко му го напушта за да стане православен монах, Сандро се бори да ја усогласи својата должност кон Бога и неговата пробудена сексуалност, што се манифестира на неконтролирани начини и го води кон сомнително однесување, додека бара смисла и припадност во турбулентното општество на постсоветска Грузија.
Приказната не е важна само за грузиското општество денес, туку е релевантна и за многу други земји во моментов. Силни струи на национализам, фашизам и верска нетолеранција кон сè што е различно се појавија на многу места, а сепак имаме тенденција да заборавиме дека најголемите ефекти од ваквите движења може да се видат кај тинејџерите, бидејќи ова е таа ранлива возраст кога се обликува личноста на поединецот. 

Фестивали и награди 

ГРАН ПРИ на МФФ КИНЕНОВА 2025 за најдобар филм на фестивалот, Интернационален филмски фестивал Карлови вари 2024 (Специјална награда на Екуменското жири), Азиско-Пацифички филмски фестивал 2024 (Најдобар нов актер), Медитерански филмски фестивал Монпеље 2024 (Најдобар филм) 

Зачлени се на нашиот е-билтен