Во Домот на култура „Наум Наумовски Борче“ во Крушево денеска ќе биде отворена патувачката изложба „Живеј со стил – поддржи различности“ во организација на здружението „Икуалити“. Ова е првата од серијата изложби која ќе помине низ осум градови во државата со цел да се промени перцепцијата во општеството за лицата со попреченост.
Изложбата се состои од 32 портрети на лица со попреченост, секој со уникатни способности, порака и животна мисија.
– Целта на проектот е надминување и јакнење на културната интеграција меѓу различни општествени групи, вон главниот град, токму во помалите градови, ширум цела земја, велат организаторите.