Плажата Оревче ја најави секојдневната програма за летото 2025, многу причини за пливање и танцување, а сите што веќе биле на оваа плажа знаат колку е добро да се танцува на Оревче до зајдисонце и да се следи слевањето на ритамот со природата.
Од Плажа Оревче, на брегот на Охридско Езеро меѓу Пештани и Градиште, за оваа сезона најавија нови магични моменти со артисти кои ги започнуваат своите настапи од 5-ти јули.
На програмата годинава има нови имиња зад пултот: Kamilo Sanclemente, Forty Cats, Enzo Leep, Gentijana Zeneli, Iva Arifaj, Maxo, Dast и Dymo.
Како и секогаш, и ова лето на Оревче ќе бидат вклучени диџеј(к)и и продукциски куќи од домашната сцена.
Еве ја целата програма:
