Почина Горан Баре, препознатливиот глас на „Мајке“ и хрватскиот рок

Горан Баре, пејачот и автор кој со групата „Мајке“ остави силен белег врз регионалната рок-сцена, почина на 61-годишна возраст. Веста ја потврдија хрватските медиуми, а членовите на бендот за „Вечерњи лист“ соопштија дека го пронашле во неговиот стан.

Роден на 16 август 1965 година во Винковци, Баре почнал да свири уште како тинејџер. Во 1984 година настанала групата „Мајке“, која постепено прерасна во едно од највлијателните имиња на хрватскиот рок. Дебитантскиот албум „Razum i bezumlje“, објавен во 1990 година, го привлече вниманието на музичката критика и ја постави основата за долгогодишната кариера на бендот.

Неговиот препознатлив глас и силните концертни настапи им дадоа посебен печат на песните „Teške boje“, „Mene ne zanima“, „Vrijeme je da se krene“ и „Budi ponosan“. Како пејач и автор, Баре изгради израз во кој рокенролот беше тесно поврзан со личните искуства и емоции.

Покрај работата со „Мајке“, продолжи да создава и со составот „Плаќеници“. По повторното обединување на „Мајке“, албумот „Teške boje“ од 2011 година донесе ново успешно поглавје во неговата кариера.

Кон крајот на септември, на Баре му се слошило за време на настап во Макарска, поради што концертот бил прекинат уште на почетокот. Бендот потоа најави двомесечна пауза за негов одмор и закрепнување.

Рацин.мк ве прашува:

Дали ЕУ го признава македонскиот идентитет?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Дали ЕУ го признава македонскиот идентитет?