Почнува Скопски џез фестивал – четири вечери со врвни концерти

Скопски џез фестивал
Еден од најдобрите полски пијанисти, композитор и аранжер, Анджеј Јагоѓински, го отвора СЏФ

Со настап на реномираниот полски пијанист Анджеј Јагоџински и неговото трио вечерва започнува 44. издание на Скопскиот џез фестивал, кој и оваа година нуди богата програма со врвни музички имиња и придружни културни настани. Главната концертна програма ќе се одржува во Националната опера и балет (НОБ), додека документарните филмови ќе се прикажуваат во Кино Фросина при МКЦ.

Реномираниот полски пијанист Анджеј Јагоџински и неговото трио, познато по џез интерпретациите на Шопен. Јагоџински, добитник на орденот Gloria Artis за заслуги во културата, е еден од највлијателните фигури на полската џез сцена.

Истата вечер, во вториот концертен термин, ќе настапи Националниот џез оркестар под водство на австрискиот диригент Зиги Фајгл, со гостин солист Луис Бониља – американски тромбонист со меѓународна кариера. Оркестарот, кој од 2024 година има статус на национална институција, се истакнува со современ звук и соработки со светски музичари.

Билетите за фестивалот се достапни онлајн преку mktickets.mk, како и на билетарницата на НОБ пред почетокот на концертите. Организаторите најавуваат незаборавно музичко искуство за сите љубители на џезот.

Целата програма на линкот:

Зачлени се на нашиот е-билтен