На денешната прес-конференција за 46-то издание на „Браќа Манаки“ во Битола, под мотото „Сон на платно“, директорот Димитрија Доксевски откри дека фестивалот ќе биде отворен и затворен со два македонски филма.
Филмот „Мајка“ на Теона Стругар-Митевска и кинематограферката Виржини Сен Мартан ќе ја отворат главната програма „Златна камера 300“, додека „Диџеј Ахмет“ на Георги Унковски и Наум Доксевски ќе го затвори фестивалот на 26 септември.
На прашање од Рацин.мк, Како дојде до тоа македонски филм да го отвори и затвори фестивалот, Димитрија Доксевски, директорот на фестивалот, одговори: „Имаме прекрасни и квалитени филмови, кои заслужуваат да го отворат и затворат фестивалот и навистина е голема поддршка и за нашата кинематографија да се случи. Јас сум радосен и среќен дека со македонски филм ќе се отвори и ќе се затвори, не заради тоа што тие филмови се наши, македонски, тие се филмови признати во светски рамки. „Мајка“ отвори фестивал исто пред еден месец, а „Диџеј Ахмет“ е добитник на многу награди, на Sundance филмскиот фестивал и заради тоа се филмови кои заслужуваат да го отворат и затворат Манаки. Убеден сум дека тоа се квалитетни филмови, кои веќе светот ги признал, а ние годинава имаме среќа да ги имаме на фестивалот.“