Проекции на три филмови на Манчевски во Индија, Хрватска и Франција

Три филмови на нашиот најтрофеен режисер Милчо Манчевски, деновиве имаат проекции на разни меридијани.

Три филмови на нашиот најтрофеен режисер Милчо Манчевски, деновиве имаат проекции на разни меридијани. Најпрвин „Кајмак“ беше прикажан во Калкута, Индија, на 9 септември, како дел од Европскиот филмски фестивал. „Прашина“ се прикажува овој месец и идниот месец во повеќе градови низ Хрватска во организација на Кинотека на Северна Македонија. „Пред дождот“ ќе биде прикажан во Париз на Универзитетот Сорбона Нувел во соработка со Астер фестивалот на 3 октомври.

Сите три филмови се македонски копродукции („Пред дождот“ со Велика Британија и Франција, „Прашина“ со Велика Британија, Германија и Италија, а „Кајмак“ со Данска, Холандија, Хрватска и Албанија).

Главните улоги во „Пред дождот“ (1994) ги играат Раде Шербеџија, Катрин Картлиџ, Грегоар Колан, Лабина Митевска, Петар Мирчевски и Љупчо Бреслиски, во „Прашина“ (2001) Дејвид Венам, Џозеф Фајнс, Роузмари Марфи, Адриан Лестер, Владо Јовановски и Николина Кујача, а во „Кајмак“ (2022) Сара Климоска, Камка Тоциновски, Симона Спировска, Ана Стојановска, Александар Микиќ и Филип Трајковиќ. Сите три филмови се досега дистрибуирани во повеќе земји низ светот и се дел од наставните програми на повеќе светски универзитети.

Зачлени се на нашиот е-билтен