Проекција на три експериментални видео театарски проекти во Мобилна галерија ЦАЦ Скопје

Проекција

Во Мобилната галерија ЦАЦ Скопје (Парк на Франкофонијата), Македонскиот центар ИТИ/Продукција вечер и утревечер ќе има проекција на три експериментални видео театарски проекти проследени со отворени модерирани дискусии со креативната екипа која ги создава.

Публиката ќе може да ги проследи видеата „Destination: Skopje-Gabrovo“ (2020), „The PCR Song“ (2021) и „KRIEG/ACINSELAK“ (2024).

Покровители на настанот се Мобилна галерија ЦАЦ Скопје, Министерство за култура и туризам, Култура за развој на Швајцарската влада спроведуван од Хартефакт фонд – Hartefact Fund Embassy of Switzerland in North Macedonia. 

Учесници на јавните дискусии од екипата  на проектите ќе бидат актерите Здравко Стојмиров и Кирил Дончов, режисерката Теа Беговска и Иванка Апостолова Баскар  – креатор на проектите.

Модератори на отворените дискусии ќе бидат поетесата Елена Пренџова и Маја Р. Дреца – режисер и сценарист. 

Проекциите почнуваат во 20 часот. Влезот е слободен.

Зачлени се на нашиот е-билтен