Промоција на публикацијата „Историја на жените во Македонија кон крајот на XIX и во првата половина на XX век“

Македонија

ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување и Здружението за промоција на женската активност – Тиииит! Инк. со задоволство ве покануваат на промоцијата на публикацијата „Историја на жените во Македонија кон крајот на XIX и во првата половина на XX век“, која ќе се одржи на 18 март од 12:00 до 13:30 часот во Европска куќа – Скопје.

Публикацијата претставува историска читанка која ги отвора прашањата за улогата, искуствата и придонесите на жените во општествените, политичките и културните процеси во Македонија, во периодот од крајот на XIX до средината на XX век. Таа има за цел да го надополни недостатокот на наративи за женската историја во наставата и во јавниот историски дискурс и да понуди критички пристап кон разбирањето на минатото.

Во читанката се обработуваат теми поврзани со политичкото дејствување на жените, нивната улога како работнички, развојот на женското образование, како и нивниот придонес во здравството и социјалната заштита, при што се користат историски извори, сведоштва, фотографии и други материјали кои ја осветлуваат женската перспектива во историјата.

Публикацијата е подготвена од истражувачки тим, составен од: Петар Тодоров, Јана Трајковска, Дарко Леитнер-Стојанов и Јана Коцевска, и претставува педагошки материјал наменет за ученици, наставници, истражувачи и сите заинтересирани за родовата перспектива во историјата.

На настанот ќе се одржи разговор со авторите на публикацијата, при што ќе се дискутира за процесот на истражување, историските извори и значењето на вклучувањето на женската перспектива во изучувањето на историјата.

Зачлени се на нашиот е-билтен