„Рацин“ ја спушта завесата: вечерва кулминација на 62. Рацинови средби во Велес

Со бесплатната изведба на наградуваната претстава „Рацин“ вечерва од 20 часот во Велешкиот театар официјално завршува 62. издание на Рациновите средби.

Постановката, во режија на Дејан Пројковски и драматургија на Сашо Димоски, пристигнува во Велес по освоените три признанија на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ во Прилеп: за кореографија и сценски движења (Васил Зафирчев), сценографија (Валентин Светозарев) и авторска музика (Сашко Костов).

Бесплатните билети можат да се подигнат на билетарницата на театарот до почетокот на претставата.

Зачлени се на нашиот е-билтен