СДСМ: Љутков – многу сликање, резултати нула

СДСМ

Министерот за култура и туризам повторно снима видеа. Но граѓаните не бараат видеа, туку резултати. Наместо маркетинг, потребни се одговори.

Ова го порачува СДСМ за активностите на министерот за култура Зоран Љутков.

Во продолжение целосното соопштение со наведените укажуваеа за работата на министерот:

Прво, Скопскиот аквадукт, симбол на негрижата.

Пред изборите се сликаа кај Скопскиот аквадукт и ветуваа дека ќе ги решат имотноправните проблеми. Помина време, што е решено?

Ако навистина има имотноправни пречки, зошто не се поведе постапка за експропријација? Зошто државата не покаже волја да го заштити и да го развие овој уникатен споменик?

Во Пиза милиони туристи годишно доаѓаат заради Кривата кула во Пиза. Не затоа што е совршена, туку затоа што државата знаела да ја заштити, да ја промовира и да ѝ создаде приказна.

Скопје има редок и вреден архитектонски бисер. Но наместо стратегија, гледаме застој.

Прашањето е едноставно: до каде е постапката и кога аквадуктот ќе стане вистински туристички центар на Скопје?

Второ, НУ Театар Куманово – четири години реконструкција.

Реконструкцијата на театарот во Куманово трае веќе четири години. Проектот е изработен во време на СДСМ. Обезбедени се околу 2,2 милиона евра. Рокот за завршување е во средината на 2027 година.

Парите, според информациите, се обезбедени. Исплатите треба да одат согласно со изведбата.

Прашањето е:

Ќе се почитува ли рокот? Ќе се работи ли со динамика што одговара на потребите на кумановци?

Културата не смее да биде заложник на административна бавност и политичко калкулирање.

Трето, Прилеп, градот на Војдан Чернодрински, без нов театар.

Пред една година гласно се ветуваше нов театар во Прилеп. Денес гледаме повлекување.Наместо нов објект, се зборува за реконструкција на постојниот.

Зарем Прилеп, град херој, град што го носи името на великанот Војдан Чернодрински не заслужува современа театарска зграда со која ќе се гордеат прилепчани?

Зошто градот да нема две функционални сали

– една нова, современа, репрезентативна

– и една адаптирана, наменета за детски, училишни и алтернативни претстави?

Тоа не е луксуз. Тоа е стратегија за културен развој.

Министерството мора да одговори:

До каде е решавањето на имотноправните односи за Скопскиот аквадукт?

Ќе се запази ли рокот за реконструкција на театарот во Куманово?

Зошто се повлекува ветувањето за нов театар во Прилеп?

Културната политика не се води со видеа на социјални мрежи.

Се води со визија, рокови, реализација и почит кон културното наследство.

Граѓаните заслужуваат отчет, а не маркетинг.

Зачлени се на нашиот е-билтен