Меѓународниот детски фолклорен фестивал „Оро без граници“ своите почетоци ги бележи во далечната 1991 година. Оваа година традиционалнo по 34 пат ќе се одржи овој спектакуларен детски фолклорен фестивал кој повеќе од 30 години ги соединува децата од повеќе вери и националности и со тоа го негува меѓуетничкото пријателство помеѓу децата особено преку раскошни костими и традиционални ора. Оро без граници е фестивал кој претставува симбол на пријателствo меѓу децата од државата и странство.
- Детскиот културен центар „Карпош“ со својот фолклорен ансамбл се домаќини на фестивалот. Еден од главните и најсимболични моменти на фестивалот е дефилето на учесниците, кое тргнува од Центарот во 18:30 часот и од сите учесници се формира најголемото оро, оро кое не познава граници, оро кое е симбол на пријателство меѓу децата. „Оро без граници“ е празник на градот кој широко ги отвора вратите на Европа и на светот и е амбасадор на културата. Фестивалот придонесува за зачувување и презентирање на традицијата и на културата и за промовирање на знаменитостите по кои е препознатливо Скопје – вели директорот на фестивалот д-р Билјана Лалчевска Серафимовска.
Централниот настан ќе се одржи на 19.09.2025 година во Градски парк – ШКОЛКА, со почеток во 19:00 часот, а фестивалот како и секоја година ќе започне со македонски ора кои ќе ги изведат членовите на фолклорната секција од ДКЦ „Карпош“.
Фестивалот е во организација на Детскиот културен центар „Карпош“, а главен покровител е Град Скопје.
Информацијата ја испраќаме заради навремено информирање на јавноста, а со тоа ќе се обезбеди афирмирање и посетеност на фестивалот.