Судот донесе уште една пресуда за платите во корист на културните работници, сега се вкупно 16

пресуда

Судот донесе уште една пресуда за платите во корист на културните работници, сега се вкупно 16.

Со оваа последна пресуда, судот веќе јасно и недвосмислено го утврди: Платите во културата мора да се зголемат согласно член 14 став 1 од Општиот колективен договор, односно за 10% од основната бруто плата утврдена со Колективниот договор за културата и да се исплаќаат најдоцна до 10-ти во месецот.

Сега останува да се види дали Министерството за култура и министерот ќе останат на ставот самоволно и тврдоглаво, велат од Синдикат на културата на Република Македонија (СКРМ), незнајно од кои причини, повторно да ги исплаќаат платитеспоред незаконита формула којашто судот експлицитно ја прогласи за спротивна на Општиот колективен договор и на утврдените права на вработените.

„Први за промоција на содржини што ги ствараат културните фработници, а последни се кога треба да се почитуваат договорите и законите“, оценуваат од СКРМ.

Од синдикатот истакнуваат дека и покрај декларативната заложба за културата, институционалната пракса покажува целосна негрижа кон оние кои ја создаваат, чуваат и одржуваат.

„Ова претставува уште еден доказ дека Министерството за култура и туризам не покажува реална грижа ниту за колективните договори, ниту за законите, а најмалку за културните работници“, се нагласува во реакциите на СКРМ.

Зачлени се на нашиот е-билтен