Кили ги пишува своите ставови за слободата на ѕидниот весник „Слободен си, изрази се“ во 2013 година.
Во август 2013 година, во организација на НВО Инфоцентар и Младински образовен форум – МОФ беше организирана кампањата „Слободен си, изрази се“.
Една од активностите на кампањата беше „ѕидниот весник“ за јавно изразување на ул. „Македонија“ во центарот на Скопје.
Кирил Поп Христов Кили постави повеќе прашања од типот зошто власта сака да заплашува и зошто во земјава нема дебата, туку живее дискфалификацијата и етикетирањето.
Зошто некои луѓе и режими имаат потреба да ги заплашуваат граѓаните, да им го одземат правото на сопствен став и мислење, да ја умртват дебатата, да го затворат јавниот простор, да ја заглушат слободата на изразување? Зошто во Македонија граѓаните молчат?
Зошто се плашат јасно, гласно и јавно да критикуваат и да кажат што мислат? Зошто наместо јавна дебата, во Македонија живее етикетирањето и дисквалификувањето? Зошто македонските граѓани не дишат со полни гради и не зборуваат слободно?, напиша тогаш познатиот актер.
Кирил Поп Христов и Билјана Бејкова (НВО Инфо центар) на промоцијата на кампањата „Слободен си, изрази се“
Неколку дена подоцна Крил Поп Христов беше уапсен во домот на неговата мајка, под сомневање дека произведувал и пуштал во промет марихуана, по што веднаш му беше изречен 30-дневен притвор. По апсењето се огласи и неговиот брат Владимир, кој тврди дека полицијата не ја зборува вистината во целост, а апсењето предизвика широка дебата за односот на властите и полицијата.
Во 2015 година Македонија беше прогласена за заробена држава.