Најпознатиот македонски фестивал „Таксират“ од оваа година ќе има нова адреса.
Како што соопштија организаторите „Пасворд продукција“ од годинава фестивалот ќе се одржува во спортскиот центар „Јане Сандански“ во Скопје.
Во својата историја „Таксират“ се одржувал и во Младинскиот културен центар и на Скопскиот саем.
Од „Пасворд продукција“ велат дека по уривањето на Скопскиот саем биле принудени да се преселат во арената „Борис Трајковски“, но сега нов дом за фестивалот ќе биде СЦ „Јане Сандански“.
Дваесет и осмото издание на „Таксират“ е закажано за 7 декември, а засега не се објавени имињата на изведувачите кои ќе настапат на фестивалот.

