Театар „Чекори“ денеска ќе ја одржи премиерата на „Уште еден среќен ден“, инспирирана од легендарната драма „Среќни денови“ на Семјуел Бекет, апсурд кој зборува за човекот, неговата судбина и упорноста да се најде светлина дури и во најтемните денови.
Од „Чекори“ велат дека претставата има иновативен концепт кој ја претвора драмата во музичко-визуелна слика на убавите и грдите денови, на човечката осаменост и на упорноста да се продолжи напред.
Претстава која е и нежна и силна, и тивка и гласна; токму како животот.
Во режија на Снежана Коневски Руси, со Маја Ѓурчевска и Никола Димевски во главните улоги, претставата отвора едно поинакво видување: наместо заробена во хумка, нашата Вини е заробена во костими; сеќавања од десетици години уметничка работа, приказни што тежат, но и носат сила.
Премиерната изведба е вечерва во Домот на културата ,,Димитар Влахов” во Автокоманда, во 20.00 часот, е репризата утре, во истото време.
Тонот и светлото во претставата се на Нина Неделкоска, плакаот на Бранкица Јордановска

