Во поетската едиција на Книгоиздателството „Макавеј“ е објавена стихозбирката „Пеколот е мало место“ на поетот Тихомир Јанчовски.
Како што информира „Макавеј“, „Пеколот е мало место“ се надоврзува на претходниот поетски опус на Јанчовски. Новата стихозбирка на Јанчоски донесува педесетина нови песни и е поделена на циклусите „Обиди се да сфатиш“, „Годините врват“, „Секогаш од љубов“ и „Куќа за птици.
Оваа нова поетска објава на Јанчовски е проследена со поговор на авторот Душко Крстевски, во кој се расветелени тематските и стилските
одлики на новите песни кои се надоврзуваат на продуктивниот книжевен залет од последните неколку години со кој поетот го зцврсти својот книжевен придонес во тековите на современата македонска литература.
– Збирката поезија „Пеколот е мало место“ од Тихомир Јанчовски претставува општествена критика, егзистенцијална размисла како и нуркање и истражување на човековите емоции. Секоја песна одекнува со чувство на итност и длабока интроспекција од страна на поетот, одразувајќи ја сложеноста на човековата состојба во свет полн со очај и разочарување, пишува Крстевски.
Македонскиот поет, професор, преведувач и колумнист Тихомир Јанчовски завршил Општа и компаративна книжевност на УКИМ и има
објавено петнаесет книги поезија, три романи, две книги за деца и една книга колумни.
Книгата може да се купи во е-продавницата на издавачката куќа „Макавеј“ и во книжарниците во центарот на Скопје.