Творештвото на македонскиот ликовен уметник Атанас Ботев првпат е претставено во Тирана.
Како што информира македонскиот Културно-информативен центар во Тирана, поставката е отворена на 6 јуни.
– Неговите халуцинантни слики со длабока содржина, беа голема провокација за љубителите на уметноста во Тирана. Мнозина констатираа дека се работи за уметност која е сосема нова и оригинална, се наведува во соопштението.
Од македонскиот Културно-информативен центар во Тирана посочуваат дека се дискутирало и за сликите на Атанас Ботев и каде треба да оди денешната нова уметност. (МИА)
Фото: КИЦ во Тирана