Вечерва финале на првиот AERO Street Food Festival во Аеродром

По три дена исполнети со рекордна посетеност и одлична атмосфера, вечерва во парк „Авионче“ ќе заврши првото издание на AERO Street Food Festival.

Фестивалот привлече илјадници посетители кои уживаа во специјалитети од познати брендови за улична храна, музички настапи и забавни активности, потврдувајќи дека ваков настан одамна му недостасуваше на Скопје.

Последната вечер ќе понуди настапи на Southpark, Dj Foodieman, Dj Ficho и други изненадувања, со што гастро спектаклот ќе биде заокружен на најдобар можен начин.

Настанот се реализира со поддршка на Општина Аеродром.

Зачлени се на нашиот е-билтен