Вечерва во 20 часот кај Споменикот на слободата во Кочани ќе се одржи панел дискусија и концерт во рамки на младинската програма „Лето во друштво“. Настанот е организиран од Здружението за рурален развој ЛАГ Брегалница и е симболично посветен на петте месеци од трагедијата во „Пулс“.
На панелот ќе се разговара за приоритетите за подобар квалитет на живот во Кочани, а вечерта ќе продолжи со настап на бендот „Без Памет“.
Организаторите ги повикуваат граѓаните на дружење и заедничко планирање на иднината, во рамки на програмата која трае до 23 август и ја спроведуваат Центарот за психосоцијална и кризна акција Малинска, Локалниот младински совет и Општина Кочани.