Играч од Белгија е добитник на неверојатни 142 милиони евра во популарната европска наградна игра Euromillions, соопшти денеска Белгиската национална лотарија.
Добитната комбинација на извлечените броеви била 2, 8, 13, 29 и 49, со дополнителни броеви 2 и 11, пренесува Brussels Times. Иденитетот на среќниот добитник, кој точно освоил 142.433.804 евра, не е откриен, како што е вообичаено од безбедносни причини.
Ова е втор голем добиток во Белгија во последните неколку месеци. Во септември, уште еден белгиски играч освои џекпот вреден околу 130 милиони евра, што ја позиционира земјата меѓу најсреќните учесници во Euromillions во 2025 година.

