Познатиот проф. д-р Миодраг Врчаковски, специјалист по неврорадиологија со долгогодишно искуство во дијагностика на заболувања на централниот и периферниот нервен систем, овојпат ги изненади своите следбеници со своите кисели зелки.
Во видео објава на Instagram, Врчаковски со насмевка раскажува дека неговиот најнов проект не е научен труд, туку личен успех во подготовката на зимница.
„Денес нема да ви зборувам за магнетна резонанца или дијагностика – ќе ви зборувам за мојот успех во сферата на зелките и расолницата. Си го наполнив качето со зелки и сега уживам чекајќи проектот да вроди со плод,“ вели професорот во видеото.
Со духовит тон, додава дека не се смета за „величина“ која избегнува секојдневни активности, туку дека токму редењето зелка е неговата духовна релаксација.
„Полека си ги редам зелките, си ставив водичка, и на крај — готов производ. Зимница за зимскиот период, кисела зелка и расолница,“ завршува Врчаковски, испраќајќи порака дека вистинското задоволство понекогаш лежи во наједноставните нешта.

