Џеј Ло не ја пуштиле да влезе во Шанел во Истанбул, еве зошто и како реагирала поп ѕвездата

John Bauld from Toronto, Canada, CC BY 2.0 , via Wikimedia Commons
John Bauld from Toronto, Canada, CC BY 2.0 , via Wikimedia Commons

Џенифер Лопез неодамна имаla неочекувана случка во продавница на Шанел во Истанбул. Поп-иконата, којашто беше во земјата како дел од истанбулскиот дел од нејзината турнеја „Up All Night: Live in 2025“ што се одржа во фестивалскиот парк Јеникапи за време на фестивалот во Истанбул.

Според извештајот на Turkiye Today, Џенифер Лопез била на шопинг, пред нејзиниот настап, кога се случил инцидентот. Додека била на шопинг во паркот Истиње, еден од луксузните трговски центри во Истанбул, таа сакала да влезе во „дуќанот“ на Шанел, но била запрена од обезбедувањето кои рекле дека бутикот е полн.

Џенифер Лопез не покажала знаци на иритација што не можела да влезе во една од продавниците на францускиот луксузен бренд. Според извештаите, таа мирно одговорила: „Добро, нема проблем“, пред да си замине без никаква забележлива реакција. Подоцна, персоналот на бутикот ѝ пристапил со покана да влезе, но овој пат, Лопез срдечно ја одбила понудата.

По „инцидентот“ со Шанел, Џенифер Лопез останала повеќе од три часа во трговскиот и купувала во другите луксузни модни аутлети, меѓу кои и француски луксузен бренд Celine и турски бренд Beymen. Според Turkiye Today, пејачката на Can’t Get Enough потрошила неколку десетици илјади долари.

Оваа посета на Истанбул ја втора на Џенифер Лопез на Турција оваа година. Претходно, на 23 јули 2025 година, таа одржа моќен настап во хотелот „Регнум Карја Ризорт“ во Анталија, каде што го прослави својот 56-ти роденден.гу за сите ваши прекрасни желби за роденден.“

Зачлени се на нашиот е-билтен