Ема Стоун најубава позната жена во светот, според „Златниот пресек“

Стоун

Ема Стоун е најубавата позната жена во светот, според нов труд заснован на древногрчкиот „Златен сооднос на убавината“, којшто ја мери „физичката совршеност“. Имено, „оскаровката“ од филмовите „Бедни суштества“ и „Ла-ла-ленд“, според наводите, има речиси совршен профил на лицето – 94,72 отсто од „Златниот пресек“, објави „Дејли мејл“ (Daily Mail).

– Ема Стоун е јасен победник кога сите црти на лицето беа мерени во однос на физичката совршеност, објасни д-р Џулијан де Силва, кој го води британскиот Центар за напредна козметичка и пластична хирургија на лицето во Лондон. – Сосем нови техники на компјутерско мапирање ни овозможуваат да решиме некои од мистериите за тоа што го прави некого физички убав, а технологијата е корисна при планирање операции за пациенти, објасни тој.

Глумицата доби највисок резултат за веѓите меѓу своите „сопернички“ на топ-10 листата (94,2 отсто).

– Натаму, таа има речиси совршена вилица со резултат од 97 отсто и убаво пропорционални усни со резултат од 95,6 отсто, објасни докторот.

На списокот познати убавици се најдоа и Зендаја, Фрида Пинто, Ванеса Кирби, Џена Ортега, Оливија Родриго, Марго Роби, Ајшварја Рај Бачан, Танг Веј и Бијонсе Ноулс.

„Златниот пресек“ е математичка равенка осмислена во антиката и претставува обид да се измери блискоста и далечината до „совршената убавина“ кај еден човек. Ја користел и италијанскиот ренесансен уметник Леонардо да Винчи. 

Зачлени се на нашиот е-билтен