Кога би биле Чехов?

Антон Павлович Чехов живеел 44 години, од кои половината боледувал од туберкулоза, од која на крајот умрел, но за тоа време направил повеќе отколку што просечен човек би направил за десет животи.

– Напишал дваесет тома проза, која ја знае цел свет;

– Во родниот Таганрог основал библиотека и таму подарил две илјади свои книги;

– Кога живеел во Мелихов, бесплатно лекувал илјадници болни селани и сите ги снабдувал со лекови;

– За време на колерата работел како лекар во 25 села – без помошници и без слободни денови;

– Изградил четири селски училишта, камбанарија, противпожарна станица, пат до Лопасња.

– Во Сахалин, најдалечниот остров на истокот на Русија, направил попис на населението на островот и го опишал живото на затворениците во тамошниот затвор за да го сврти вниманието на јавноста на суровите услови во кои живееле казнениците.

Антон Павлович Чехов (Таганрог, Русија1860 – 1904) — руски раскажувач, романописец и драмски писател, припадник на правецот натурализам. Најпознати негови дела се драмите „Галеб“, „Три сестри“, „Вујко Вања“ и „Вишновата градина“, како и збирките раскази „Човекот во футрола“, „Куќа на кат“ и „Селани“. Извршил големо влијание врз развојот на романот и драмската книжевност во светот. Во своите драми, раскази и новели го прикажал руското секојдневие давајќи цела галерија промашени, несреќни и несфатливи луѓе.

Преземено од Фејсбук страницата Македонска поезија.

Зачлени се на нашиот е-билтен