Колку е часот на месечината ако кај нас е пладне?

Вечерва цела Македонија гледа во месечината

Државите што учествуваат на 28-та Генерална конференција за тежини и мерки (CGPM) во Версај, телото одговорно за меѓународна стандардизација во областа на метрологијата, усвоија резолуција насочена кон воспоставување „меѓународна референтна лунарна временска скала“.

Зошто времето на Земјата не е валидно на Месечината?

На Земјата, мобилните телефони, компјутерите и другите поврзани уреди се синхронизирани со Координираното универзално време (UTC), официјалната временска скала. Сепак, UTC не може да се користи на Месечината, бидејќи времето таму тече побрзо. Тоа е феномен што Алберт Ајнштајн го предвидел во својата теорија за општа релативност.

Доколку синхронизираме два часовници на Земјата и испратиме еден на Месечината , тие би покажале отстапување од 56 микросекунди дневно. Иако оваа разлика може да изгледа занемарлива, таа е од клучно значење кога им се помага на вселенските летала, ровери или астронаути прецизно да се ориентираат и да се движат по површината на Месечината, истакна Паскал Дефрен, физичар во Кралската опсерваторија во Белгија.

Прецизноста е клучна за навигацијата

„Потребата за прецизна навигација на ниво од еден метар на Месечината бара временска прецизност од редот на една наносекунда“, објасни Џоел Паркер, експерт во оваа област од американската вселенска агенција (НАСА).

Како дел од нивните операции, американските, кинеските, индиските, јапонските, европските и другите вселенски агенции планираат да постават навигациски сателити во орбитата околу Месечината . Поради оперативната безбедност на сите даватели на услуги за следење, навигација и синхронизација на Месечината, усвојувањето на заеднички правила и стандарди стана неопходно.

Нови предизвици за мерење: Каде е нултата точка на Месечината?

Астрономите веќе го користат Месечевото координирано време (TCL) за своите пресметки, додека некои агенции ги претпочитаат неговите деривати, кои ги сметаат за посоодветни. Се поставува прашањето која мерка ќе биде избрана на крајот и како ќе се обезбеди точната врска помеѓу Месечевото и Земјиното време.

На нашата планета, UTC се добива врз основа на просекот од 500 атомски часовници распоредени низ целиот свет. Слична заедничка мрежа би можела да се воспостави и на површината на Месечината, но се поставува прашањето кој би бил одговорен за тоа. Исто така, бидејќи текот на времето зависи од надморската височина, која ќе биде „нултата“ точка на Земјиниот сателит за калибрирање на часовниците? На Земјата, нултата точка е на ниво на морето, но Месечината нема море.

На овие и многу други сложени прашања, метролозите, астрономите, геофизичарите, меѓународните организации и вселенските агенции ќе мора да најдат одговори во годините што доаѓаат, со цел да се овозможи понатамошен напредок во истражувањето на вселената .

Рацин.мк ве прашува:

Кој е најодговорен за тоа што Македонија сè уште се задушува во диви депонии?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Кој е најодговорен за тоа што Македонија сè уште се задушува во диви депонии?