Меланија Трамп повторно хит на социјалните мрежи – овојпат поради шеширот на државниот банкет во Виндзор

Доналд и Меланија Трамп деновиве престојуваат во Велика Британија, каде што присуствуваа на свечен државен банкет во замокот Виндзор.

Првата дама на САД одбра елегантен костим со здолниште и впечатлив широк шешир – моден избор што веднаш предизвика поделени реакции.

Додека едни ја пофалија за класичниот стил, другите го искористија огромниот шешир како инспирација за безброј шеги и мемиња.

Некои ја споредија со подна ламба, други потсетија на легендарниот цртан „Spy vs. Spy“, а имаше и коментари дека во шеширот „би можело да се послужи овошје за десерт“.

Ова не е првпат модниот избор на Меланија да стане вирален – нејзините стајлинзи редовно предизвикуваат внимание, но и лавина од шеги на интернет.

Зачлени се на нашиот е-билтен